Седница бр.16- 12.04.2017

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 16-та седница ја закажува за 12.04.2017 година (среда), со почеток во 13:00 часот.

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

1. Усвојување на Предлог-записник од 15-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 28.03.2017 година.

2. Предлог-одлука за објавување на јавен конкурс за доделување 1 (една) дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис, од општ формат, со сите три медиумски функции, на државно ниво.

3. Предлог-одлука за објавување на јавен конкурс за доделување 1 (една) дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис, со претежно образовен општ формат, на државно ниво.

4. Разгледување на кварталните извештаи за работата на Агенцијата за периодот од 01.01.2017 до 31.03.2017 година.

5. Предлог-одлука за потреба од јавна набавка: Миење на службените возила на Агенцијата.

6. Предлог-одлука за потреба од јавна набавка: Одржување на „Систем за електронски регистар на јавни комуникациски мрежи“.

7. Предлог-одлука за потреба од јавна набавка: Одржување на хигиената во деловните простории на Агенцијата.

8. Разно.



Accessibility

Accessibility