Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 18-та седница ја одржа на 24.04.2025 година (четврток), со почеток во 14:05 часот, преку видео конференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 4-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 16.04.2025 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 17-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 16.04.2025 година.
- Разгледување на кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 1 јануари до 31 март 2025 година.
- Предлог за ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2025 година со Предлог-Одлука.
- Предлог-одлука за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на локално ниво, на подрачјето на општина Прилеп, со Предлог-конкурсна документација и Предлог-пријава.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип, за прекршување на членот 55 став 2 од ЗААВМУ и на членовите 25 и 26 од Упатството за пласирање производи.
- Предлог-решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското радиодифузно друштво КЛАН МАЦЕДОНИА ДООЕЛ експорт – импорт Сарај, Скопје.
- Предлог за распишување на јавен оглас за засновање на работен однос на 2 (двајца) извршители и спроведување на постапка за вработување на неопределено време, со предлог-одлука и предлог-јавен оглас.