Седница бр.19 – 08.05.2025

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 19-та седница ја одржа на 08.05.2025 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 5-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 24.04.2025 година.
  2. Усвојување на Предлог-записник од 18-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 24.04.2025 година.
  3. Предлог-одлука за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Струга, со Предлог-конкурсна документација и Предлог-пријава.
  4. Предлог-одлука за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Штип, со Предлог-конкурсна документација и Предлог-пријава.
  5. Нацрт-правилник за формата и содржината на пријавата за упис во регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали и за начинот на водење на регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали.
  6. Нацрт-образец за доставување податоци за обезбедување јавност во работењето на издавачите на онлајн медиуми – интернет портали (образец СУЕ/2).
  7. Предлози за покренување на постапки за одземање на дозволата за ТВ емитување на радиодифузери.
  8. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ДУЕ Назми ДООЕЛ Гостивар, за прекршување на членот 14 од Законот за медиуми.


Accessibility

Accessibility