Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 23-та седница ја одржа на 05.06.2025 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 22-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 30.05.2025 година.
- Предлог – правилник за формата и содржината на пријавата за упис во Регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали и за начинот на водење на Регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали.
- Предлог – образец за доставување податоци за обезбедување јавност во работењето на издавачите на онлајн медиуми – интернет портали (образец СУЕ/2).
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на операторот ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје, за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
- Предлог – oдлука за исплата на надоместок за смрт на член на потесно семејство на вработен во Агенцијата.