Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 26-та седница ја одржа на 08.07.2022 година (петок) со почеток во 11:05 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 3-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 01.07.2022 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 25-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 01.07.2022 година.
- Предлог-решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското радиодифузно друштво Иванчо Пашоски РАДИО ЛАВ ДООЕЛ Охрид.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на АЛТРА – САТ 2000 Охрид ДООЕЛ, за прекршување на член 143 став 2 од ЗААВМУ, со предлог-информација до органот надлежен за авторските права и сродните права, поради сомневање дека е сторена повреда.
- Предлог за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на службената легитимација на овластеното лице за вршење на стручен надзор и начинот на нејзиното издавање и одземање.
- Предлог за одобрување на финансиски средства за обновување на 4 (четири) кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“.
- Предлог за давање одобрување за донесување одлука за набавка на стоки – фрижидер за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока: Канцелариски материјали.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока: Пијалаци за потребите на Агенцијата.
- Разно.