Седница бр.28 – 10.07.2024

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 28-та седница ја одржa на 10.07.2024 година (среда), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Агенцијата.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 27-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 01.07.2024 година.
  2. Предлог за покренување на постапка за одземање на дозволата за ТВ емитување на Трговско друштво за радиодифузија ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ Струмица.
  3. Предлог–oдлука за престанување на важење на Упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите во Република Македонија.
  4. Предлог-oдлука за промена на сопственичката структура на ТРД РАДИО КАВАДАРЦИ ДООЕЛ од Кавадарци.
  5. Предлог за одобрување на финансиски средства за обновување на 4 (четири) кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“.
  6. Предлог–одлуки за исплата на надоместок за смрт на член на семејство на тројца вработени во Стручната служба на Агенцијата.
  7. Разно.


Accessibility

Accessibility