Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 29-та седница ја одржa на 17.07.2024 година (среда), со почеток во 14:00 часот, преку видео конференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 28-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 10.07.2024 година.
- Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата на ТРД БАЛКАН ФМ РАДИО ДООЕЛ Гостивар.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Трговското радиодифузно друштво РАДИО ПРО-ФМ ДОО Гостивар, за прекршување на член 15 став 5 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево, за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево, за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Нацрт-правилник за измена и дополнување на Правилникот за спонзорство.
- Нацрт-правилник за измена и дополнување на Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Нацрт- водич за мониторинг на говорот на омраза – второ дополнето и изменето издание.
- Нацрт-правилник за физичките лица даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.
- Предлог за изработка на Студија за оправданоста за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување, на државно ниво, преку дигитален терестријален мултиплекс.
- Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга – Одржување на кафемати за потребите на Агенцијата, со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавните набавки.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока: Лиценца за Firewall.
- Разно.