Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 38-та седница ја одржa на 09.10.2024 година (среда), со почеток во 14:00 часот, преку видео конференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 13-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 30.09.2024 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 37-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 30.09.2024 година.
- Предлог-одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис, на локално ниво, на подрачјето на општина Битола, со Предлог-конкурсна документација и Предлог-пријава.
- Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог-водич за мониторинг на говорот на омраза – второ дополнето и изменето издание.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД РАДИО ЗОНА М-1 Светлана ДООЕЛ Скопје, за прекршување на член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ.
- Предлог за поведување прекршочна постапка на Трговското радиодифузно друштво ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево за прекршување на член 67 став 6 од ЗААВМУ.
- Предлог за поведување прекршочна постапка на Друштвото за комуникациски услуги А1 МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-стока: Електрична енергија.
- Разно.