Седница бр.39 – 17.10.2024

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 39-та седница ја одржа на 17.10.2024 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 38-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 09.10.2024 година.
  2. Предлог-одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис, на локално ниво, на подрачјето на општина Куманово со Предлог – Конкурсна документација и Предлог – Пријава.
  3. Предлог-одлука за одбивање на писмено барање од заинтересирана страна за донесување одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на подрачјето на општина Тетово.
  4. Предлог- правилник за изменување и дополнување на Правилникот за спонзорство.
  5. Предлог за поведување прекршочна постапка против ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
  6. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на операторот Тотал ТВ за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
  7. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка–услуга: Воведување и имплементација на стандардот ISO 27001:2013 – систем за управување со безбедност на информации.
  8. Разно.



Accessibility

Accessibility