Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 43-та седница ја одржа на 19.11.2024 година (вторник), со почеток во 13:00 часот, во просториите на Агенцијата.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 42-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 15.10.2024 година.
- Нацрт-годишен план за вршење програмски надзор за 2025 година.
- Нацрт-годишен план за вршење административен надзор за 2025 година.
- Нацрт-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2025 година (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2025 година).
- Предлог за дообезбедување на средства потребни за реализација на договорот за јавна набавка – услуга: Интернет конекција со хостирање на интернет сајтовите.
- Разно.