Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 44-та седница ја одржа на 05.12.2024 година (четврток), со почеток во 13:00 часот, во просториите на Агенцијата.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 43-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 19.11.2024 година.
  2. Барање на согласност за промена или дополнување на повеќе од 20% од програмскиот концепт од дозволата за телевизиско емитување поднесено од ТРД ТВ КОХА Меваип ДООЕЛ Тетово, со Предлог-Одлука.
  3. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ЕДО ДООЕЛ с.Љубин, Сарај за прекршување на член 92 став 1 од ЗААВМУ.
  4. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КТВ ДООЕЛ Кавадарци, за прекршување на член 64 став 1 ЗААВМУ.
  5. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ-СТАР ДОО Штип, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  6. Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на стока – телефонска централа и фиксен телефон.
  7. Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на новогодишни честитки со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавни набавки.
  8. Разно.