Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 45-та седница ја одржа на 12.12.2024 година (четврток), со почеток во 14:05 часот, во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 44-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 05.12.2024 година.
- Нацрт-Правилник за регистрирање на давателите на услуги платформа за споделување видеа.
- Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТВ Канал Вис од Струмица.
- Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ ЊУЗ ДООЕЛ Куманово.
- Предлог – решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското Радио – Дифузно Друштво Б – 97 ДООЕЛ Битолa.
- Разно.