Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 6-та седница ја одржа на 29.07.2025 година (вторник), со почеток во 10:30 часот, преку видео конференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 5-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 21.07.2025 година.
- Предлог-одлука за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис, на локално ниво, на подрачјето на општина Прилеп.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ КАНАЛ ФЕСТА ДООЕЛ Куманово за прекршување на членот 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ УСКАНА МЕДИА ДООЕЛ Кичево, за прекршување на членот 64 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ УСКАНА МЕДИА ДООЕЛ Кичево, за прекршување на членот 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Одржување на компјутерска и друга ИКТ опрема.
- Предлог за давање одобрување за донесување на Одлука за набавка на услуга, со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавни набавки.
- Разно.