Седница бр.7 – 18.02.2025

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 7-та седница ја одржа на 18.02.2025 година (вторник), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 6-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 11.02.2025 година.
  2. Предлози за покренување на постапки за одземање на дозволата за ТВ и РА емитување на радиодифузери.
  3. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ЈРП  МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Трет програмски сервис (МРТ3) за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
  4. Предлог за поведување прекршочна постапка на ТРД КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  5. Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на ТРД Плус форте ДООЕЛ од Тетово.
  6. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Закуп на простор за објавување огласи во дневни весници.
  7. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока: ИКТ опрема.
  8. Разно.

 



Accessibility

Accessibility