Хроника на 13та седница

 

СКОПЈЕ, 13.03.2013 – На денешната седница Советот за радиодифузија го разгледа Извештајот од мониторингот на  медиумското покривање  на изборната кампања  на: ТВ Алфа од  4 ,5, 7, 8 и 9 март 2013г, ТВ Алсат- М од 6 ,7, 8 и 9 март 2013г, ТВ БТР од на 4, 6, 7 ,8 и 9 март 2013г, ТВ Шутел од 7 и 8 март 2013г, Радио Ват од 10 март 2013г, ТВ Сонце од 4 и на 5 март 2013г,  ТВ Сител од 4 и на 5 март 2013г,  и заклучи да постапи на следниов начин:

 

– за ТВ Алфа и за ТВ БТР ќе покрене прекршочна постапка поради што е емитувано повеќе од 10 минути платено политичко рекламирање на еден реален час за еден учесник во изборната кампања, односно повеќе од 15 минути платено политичко рекламирање, додека за ТВ Шутел ќе покрене прекршочна постапка поради што е емитувано повеќе од 10 минути платено политичко рекламирање на еден реален час за еден учесник во изборната кампања;

 

– за Радио Ват ќе покрене прекршочна постапка поради што е емитувано платено политичко рекламирање во детска програма, а за ТВ Алсат–М и ТВ Сонце прекршочна постапка затоа што е емитувано платено политичко рекламирање во посебни информативни програми;

– на ТВ Алсат-М и ТВ Сител, укажување поради што е емитувано платено политичко рекламирање без јасно означен нарачател и

-на ТВ Алсат-М и ТВ Сител, укажување поради што е емитувано платено политичко рекламирање кое за целото времетраење не е означено како платено политичко рекламирање.

СРД ја усвои Анализата на поведените управни спорови против одлуките на Советот за радиодифузија на РМ.

СРД го усвои Предлог – Упатството за измени и дополнувања на Упатството за формата и содржината на известувањата и барањата на радиодифузерите поврзани со промените во сопственичката структура и за видот и формата на податоците за економско финансиското работење што радиодифузерите се должни да му ги доставуваат на Советот за радиодифузија.

Советот ја усвои Информацијата за плаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност за терестеријално емитување, по доставени пресметки на 26-ти февруари 2013-та година, и иницираше постапка за одземање на дозволите за вршење радиодифузна дејност на ТРД Ускана-Плус од Кичево и ТРД Про-Фм од Гостивар, кои по доставените пресметки не извршија плаќање на надоместокот за дозволата во наведениот рок. Советот заклучи да упати  последно предупредување до овие радиодифузери да го платат долгот кон Советот во рок од 15 дена од иницирањето на постапката за одземање на дозволите, известувајќи ги дека во спротивно, согласно иницираната постапка за одземање на дозволите, Советот ќе донесе одлука за одземање на дозволите за вршење радиодифузна дејност.

Советот ја усвои Информацијата за констатирана недозволена медиумска концентрација кај Трговското радиодифузно друштво КАНАЛ 5 ПЛУС, и одлучи да му наложи во рок не подолг од три месеца од денот на утврдувањето на постоење недозволена медиумска концентрација, да го усогласи своето работење со одредбите од Законот за радиодифузната дејност. Доколку радиодифузерот не постапи по упатениот налог, Советот, согласно член 15 став 3 од Законот за радиодифузната дејност ќе спроведе постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност.

СРД ја усвои Информасијата за реемитување на програмскиот сервис на ТВ Тера од Битола надвор од сервисната зона, Со оглед на претходно наведеното, Советот за радиодифузија констатираше дека Македонски Телеком АД Скопје, постапил по налогот бр.11-1077/1 од 06.03.2013.



Accessibility

Accessibility