Хроника на 17-та седница

СКОПЈЕ, 29.05.2012 –  Поради неисполнување на законската обврска да го платат надоместокот за дозволата за вршење на радиодифузна дејност, СРД им ги одзеде дозволите ТВ Меди од Битола, Радио МХ од Охрид, Радио Пехчево од Пехчево, Радио Беса од Долнени и Радио Роса од Кочани.

На својата денешна седница СРД донесе одлука за започнување постапка за одземање на дозволата на ТВ А2.

По спроведениот мониторинг и изработената анализа на форматот на ТВ Шутел, СРД  му упати  укажување на радиодифузерот со забелешка дека утврденото отстапување од форматот е сериозно отстапување. Доколку радиодифузерот не го усогласи своето работење согласно ЗРД и Правилникот за форматите на радио и телевизиските програмски сервиси, СРД ќе иницира постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност.  ТВ Шутел доби и писмена опомена поради несоодветно емитување на политичко рекламирање.

Обврската за емитување на европски аудиовизуелни дела во 2011 година ја почитувала  само ТВ Алфа. Поради неисполнување на оваа обврска во 2011 година, СРД им изрече писмени опомени на ТВ АБ Канал и ТВ Алсат-М, бидејќи  не ја почитувале обврската во целост. Поради недоставување на ваков извештај до СРД, телевизиите МТВ1, Канал5, Канал5+, Наша ТВ, Пинк 15-, Сител, Сител 3, Сонце, Телма и А2 покрај писмената опомена добија рок од 7 дена за да достават информација до СРД по ова прашање. ТВ Телма испратила извештај до СРД, но е нецелосен и поради тоа доби писмена опомена и рок од 7 дена да достави комплетна информација до СРД.

Беше усвоена Информацијата за ослободување од плаќање радиодифузна такса за жителите на ул. К.Ј Питу од бр.1 до бр.12 од Македонски Брод.



Accessibility

Accessibility