Хроника на 25-та седница

СКОПЈЕ, 02.07.2012 – На денешната седница СРД на ТВ Сител и’ изрече 2 писмени опомени во однос на претставката од Коалицијата Сексуални и здравствани права на маргинализираните заедници и поради прилог во вестите од 15 јуни 2012, во врска со претставката на Здружението на млади психолози на РМ.

 

Беше усвоена и информацијата дека ТВ 24Вести, Канал5 Плус и Алфа Скопје, кои што вршат емитување на ТВ програма преку сателит, во целост го намириле својот долг кон СРД.

 

Советот за радиодифузија реши да се издаде налог за итно исклучување на Play TV и JNTV  од операторите на јавни комуникациски мрежи во РМ.

 

СРД донесе одлука да склучи Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при УКИМ.



Accessibility

Accessibility