СКОПЈЕ, 06.07.2012– На денешнатa седница, СРД го усвои предлог – Проектот за одбележување на 15 годишниот јубилеј на СРД.
Во однос на претставката од страна на ВМРО Народна, СРД одлучи да испрати допис до ТВ Сител, ТВ Канал 5 и МРТ, во кој што ќе ги информира телевизиите за претставката од ВМРО- Народна партија, и притоа имајќи ги предвид нивната самостојност и независност при креирањето на програмата, да ги потсети на потребата од почитување на принципите од член 68 став 2 алинеи 8 и 9 од Законот за радиодифузната дејност. СРД ќе испрати допис и до ВМРО – Народна партија во кој ќе ја информира за содржината на дописот од СРД до трите телевизии и за законската постапка за остварување на правото на одговор и исправка, согласно одредбите од Глава XII од Законот за радиодифузната дејност, а ВМРО – народна ќе треба да ги достави до СРД дописите кои што ги пратила до трите телевизии.