СКОПЈЕ, 27.03.2012 – На денешната седница Советот за радиодифузија (СРД) им даде краен рок на сите радиодифузери до 30 септември 2012 година да го усогласат своето работење согласно членот 11 од Законот за радиодифузна дејност (ЗРД). Доколку радиодифузерите не постапат по членот 11 до крајниот рок, ќе им биде одземена дозволата за вршење радиодифузна дејност согласно член 64 од ЗРД.
На сателитските национални телевизии СРД им дозволи да го плаќаат надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност на определен број рати и со точно определени рокови, кои што ќе бидат усогласени во договорите на СРД со оние сателитски телевизии кои што ќе побараат ваков начин на плаќање.