СКОПЈЕ, 06.03.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница го усвои Нацрт – Извештајот за работа на Советот за радиодифузија на Република Македонија за периодот од 01.01.2012 до 31.12.2012 година.
Поради реемитување на локалниот телевизиски програмски сервис Телевизија Тера – Битола од Битола во Прилеп, Ресен, Новаци, Могила и други населени места, СРД заклучи да му наложи на МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД Скопје, веднаш да престане со реемитување на ТВ Тера надвор од подрачјето за кое овој радиодифузер има добиено дозвола за вршење радиодифузна дејност
Во врска со барањето на Бајруш Мјаку во име и за сметка на Друштвото за продукција, театар и филм „БАЈРУШ МЈАКУ” ДООЕЛ Скопје и барањето на „ТВ 21” – Сателитска програма од Приштина, за емитување на проектот од јавен интерес – ТВ филмот „Татковите книги”, СРД заклучи да даде согласност на ТВ 21 – Сателитската програма, за емитување на споменатиот проект.