Хроника од 19-та седница

СКОПЈЕ, 7 јуни, 2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната 19та седница констатираше дека трговските радиодифузни друштва Наша ТВ, 24 Вести и АБ Канал ги намирија долговите за надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност кон СРД.

Во однос на почитувањето на членот 11 од ЗРД (сопственичка структура), членовите на СРД констатираа дека комерцијалните радиодифузери Телевизија Макпетрол (Телма), ТВ Алфа (сателитска), ТВ Скопје и ТВ Ирис (од Штип), коишто имаат посложена сопственичка структура, до СРД ги имаат доставено акционерските книги. СРД ќе ја анализира сопственичката структура до 31 август за да утврди дали постојат можни повреди на членот 11 од ЗРД. Доколку се утврди дека постојат повреди на законот, тогаш СРД ќе им наложи и на овие радиодифузери најдоцна до 30 септември оваа година да го прилагодат своето работење согласно со законот.

СРД ја усвои информацијата за извршените уплати за надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност од страна на трговските радиодифузни друштва: МХ Радио Охрид, Радио Пехчево и Радио Беса Долнени. СРД ги разгледа барањата на овие радиодифузери и зазеде позитивен став за повлекување на одлуката за одземање на дозволите, доколку биде поведена постапка пред надлежниот Управен суд.

Во однос на неисполнувањето на обврската за објавување на податоците за работењето на радиодифузерите во претходната година најдоцна до 31 март, СРД ги изрече следните укажувања и законски мерки:

– ТРД Јехона 2003 дооел с. Матејче Липково: Писмена опомена со барање за објавување
– ТРД Валандово доо Валандово: укажување
– ТРД А2 доо Скопје: Писмена опомена со барање за објавување
– ТРД ТВ Канал 8 дооел Кочани: Писмена опомена
– Друштво за радиодифузија Ди-Џеј Славе дооел Струга: Забрана за рекламирање од три дена
– ТРД Гауедеамус Радио Класик ФМ, Мартин дооел Скопје: Писмена опомена со барање за објавување
– ТРД Еко-Проект дооел експорт-импорт Крива Паланка: укажување
– ТРД Радио Фокус дооел Тетово: укажување
– ТРД Енергу Радио дооел увоз-извоз Струга: укажување



Accessibility

Accessibility