Хроника од 2-та седница


СКОПЈЕ, 09.01.2013- На денешната седница, Советот за радиодифузија (СРД) ги разгледа извештаите од мониторингот на програмските сервиси на: ТВ ТЕЛМА, емитуван на 4 декември 2012г., ТВ СИТЕЛ, емитуван на 3 декември 2012г., ТВ КАНАЛ 5, емитуван на 3 декември 2012г, МРТ 1, емитуван на 3 декември 2012г.,  МРТ 2 емитуван на 3 ноември, ТВ АЛСАТ-М емитуван на 3 декември 2012г., РФМ, емитуван на 26 ноември 2012г,  РА АРАЧИНА, емитуван на 27 ноември 2012г,  РА ВАТ емитуван на 27 ноември 2012г. и  СТУДЕНТ ФМ 92.2, емитуван на 27 ноември  2012 година и заклучи да им ги изрече следниве мерки:

 

-на ТВ ТЕЛМА, писмена опомена поради несоодветни термини на емитување програма и укажување поради емитување телешопинг прозорец и рекламен блок во ист реален час;

 

– на ТВ Сител, три писмени опомени и тоа: поради несоодветни термини на емитување програма, поради надминување на законски дозволениот лимит од 12 минути на еден реален час, и поради поттикнување користење на производите и услугите на спонзорите, во рамките на спонзорираната програма;

 

-на ТВ Канал 5,  две писмени опомени – поради необележување на промотивните најави за играната програма со визуелен знак што ја сигнализира категоријата програма што се најавува и поради непочитување на периодот од 20 минути меѓу два рекламни блока во програмите;

 

– на  МРТ 2, писмена опомена поради несоодветен термин на емитување програма;

 

-на ТВ Алсат – М, писмена опомена поради несоодветен термин на емитување програма и укажување поради непочитување на периодот од 20 минути меѓу два рекламни блока во програмите;

 

-на Радио РФМ, писмена опомена затоа што воопшто не е емитувана програма изворно создадена на македонски јазик, писмена опомена затоа што е емитувано помалку од законски предвидените 30% вокално-инструментална музика на македонски јазик и укажување поради неозначување и неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата со акустични средства;

 

-на Радио АРАЧИНА, укажување поради неозначување и неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата со акустични средства;

 

-на Радио ВАТ, укажување поради неозначување и неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата со акустични средства и укажување поради надминување на лимитите за рекламирање во текот на еден реален час;

 

-на Радио Студент ФМ 92.9 писмена опомена затоа што е емитувано помалку од законски предвидените 30% вокално-инструментална музика на македонски јазик.
На програмата на МРТ 1, со мониторингот не беа забележани прекршувања на Законот за радиодифузната дејност и подзаконските акти.

 

-Советот за радиодифузија донесе Одлука за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТРД Монако – Радио Сити ФМ ДООЕЛ Куманово кое заклучно со зададениот рок, не ја исполни својата законска обврска да го плати надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност, врз основа на издадената пресметка.

 

По доставената Изјава за престанок на емитување радио програма од страна на ТРД Радио Равел ДООЕЛ Скопје, Советот донесе Решение за престанок на важноста на дозволата за вршење радиодифузна дејност на РА Равел.
 



Accessibility

Accessibility