10.02.2012,СКОПЈЕ – Советот за радиодифузија втората седница ја одржа на 10 февруари, на која се разгледуваа извештаите од мониторингот на терестријалните телевизии и радија на државно ниво. Членовите на СРД ги изрекоа следните мерки:
ТВ Алсат-М: две писмени опомени,
Канал5: две писмени опомени,
ТВ Сител: една писмена опомена со обврска за објавување и една писмена опомена,
СРД одлучи на ТВ Телма да и‘ упати 3 укажувања.
По разгледувањето на извештаите од мониторираните радио станици на државно ниво СРД ги изрече следните мерки:
Радио Рос Метрополис: 2 писмени опомени со барање за објавување, една писмена опомена и едно укажување.
Радио Антена5: 3 писмени опомени со обврска за објавување и една писмена опомена.
Канал 77: 3 укажувања и една писмена опомена со барање за објавување.
СРД исто така го усвои и предлог извештајот на пописната комисија за извршениот попис на основните средства, ситниот инвентар, материјалите и резервните делови во магацинот, побарувањата и обврските на Советот за радиодифузија на РМ за 2011 година.
СРД одлучи да започне подготвителни активности за распишување конкурс за доделување дозволи за телевизиски програмски сервиси преку оператори на јавни комуникациски мрежи. Исто така, ќе биде разгледана и можноста за доделување дозволи за непрофитни радиодифузни установи за верските заедници.
СРД ја усвои анализата за следењето на сопственичката структура на радиодифузерите и на нивните обврски во поглед на транспарентноста на сопственоста во периодот од 01 јули до 31 декември 2011 година и Анализата на надзорот врз обврските на ЈКМ: регистрирани пакети, изречени казни, најчести прекршувања и изречени мерки во последниот квартал на годината“, кои што произлегуваат како обврска од НПАА 2011.
По усвојувањето на Извештајот од анализата на телевизиските програмски сервиси на Јавниот радиодифузен сервис МРТ и на Извештајот од мониторингот на Јавниот радиодифузен сервис – Политичкиот плурализам во телевизиските вести, кои што исто така произлегуваат како обврска од од НПАА 2011, беше одлучено дека е корисно овие документи да се испратат до МРТ.
СРД го усвои и нацрт-статутот за формирање на Мрежа на регулаторни тела за медиуми на Југоисточна Европа – СЕЕНРА. Како главен иницијатор на СЕЕНРА, СРД ги покани сите регулаторни тела од регионот на ЈИЕ да се вклучат во оваа мрежа.
Советот ја разгледа Информацијата во врска со дописот од Кинотека на Македонија, што се однесува на доставување копии од телевизиските програми од јавен интерес финансирани од радиодифузната такса преку Советот за радиодифузија, и одлучи да се разгледаат можностите за преснимување на проектите на дигитален формат.
Откако констатираше дека со планираната промена не се создава недозволена медиумска концентрација и не се прекршуваат одредбите од Законот за радиодифузната дејност, СРД одлучи да го одобри барањето за промена на сопственичката структура на ТРД Радио Охрид ДОО од Охрид.