СКОПЈЕ, 14.05.2013 – Советот за радиодифузија на Република Македонија, на денешната 23-та седница ги разгледа Извештаите од мониторингот на програмските сервиси на ТРД Алсат-М, ТРД Сител, ТРД Канал 5 и ТРД ТВ Макпетрол, сите емитувани на 15 април 2013 година и за констатираните прекршувања на Законот за радиодифузната дејност, заклучи да ги изрече следниве мерки:
– на ТВ Алсат-М, укажување поради прекршување на член 98 став 1 (емитување прикриено рекламирање);
-на ТВ Сител, писмена опомена со барање за објавување поради прекршување на член 106 став 2 (поттикнување користење на производите и услугите на спонзорите);
-на ТВ Макпетрол, писмена опомена поради прекршување на член 94 став 4 (емитувани реклами во истиот реален час кога е емитуван телешопинг прозорец).
Со мониторингот на програмата на ТВ Канал не се констатирани прекршувања на одредбите од Законот за радиодифузната дејност и на подзаконските акти.
Советот за радиодифузија ja разгледаИнформацијата за исполнувањето на обврската за објавување на податоците за работењето на радиодифузерите во претходната година на 31 март и заклучи да постапи на следниов начин:
-на трговските радиодифузни друштва Енергу Радио Струга и РДТ Радио Македонска Каменица кои ги објавија податоците само на својата програма, а не и во дневен весник им изрече писмена опомена, а на ТРД Музичко Радио КМР Куманово му упати укажување;
– на трговските радиодифузни друштваНТВ Охрид иРадио ПРО-ФМ Гостиваркои до Советот не доставија ниту копија од објавата во дневенвесник ниту снимка од објавената содржина на ЦД или ДВД формат, им изрече писмена опомена, на ТРД Радио Фокус Тетово му изрече писмена опомена со барање за објавување, на ТРД Радио Беса с. Црнилиште му изрече времена забрана за рекламирање и телешопинг од еден ден, а на ТРД ТВ Супер Скај Тетово му упати укажување.
Имајќи ги предвид добиените сознанија дека ТРД ДИ-ЏЕЈ Славе Струга не емитува програма, СРД заклучи да оствари службена посета кај ДИ-ЏЕЈ Славе со цел да се констатира фактичката состојба и во зависност од тоа да се утврдат понатамошните активности и да побара од Агенцијата за електронски комуникации да утврди дали фреквенцијата на која овој радиодиофузер емитувал програма се уште се користи.
Советот за радиодифузија ja разгледаИнформацијата за радиодифузерите што не доставија податоци за економското работење во 2012 годинамарт и заклучи да постапи на следниов начин:
-на трговските радиодифузни друштваНТВ Охрид иРадио ПРО-ФМ Гостивар кои во целост не ја исполнија оваа обврска им упати укажување, на ТРД Радио Фокус Тетово му изрече писмена опомена со барање за објавување, на Енергу Радио Струга му изрече времена забрана за рекламирање и телешопинг од еден ден, а на ТРД Радио Беса с. Црнилиште му изрече писмена опомена;
-на трговските радиодифузни друштва ТВ БТР, ТВ ШУТЕЛ, ТВ КРТ и Радио ЛА КОСТА Виница кои ги доставија своите завршни сметки, а не ги заверија на нотар им упати укажување во рок од 7 дена да ги достават до Советот.
СРД заклучи да и предложи на Владата на Република Македонија да ги ослободи од плаќање радиодифузна такса, обврзниците кои не се покриени со радиодифузен сегнал, односно немаат прием на програмите на МРТ и тоа:
-Друштвото за производство, трговија и услуги ,,ФРУТИПРОМ” ДОО увоз–извоз с.Црешка Штип, за објектот во населено место с.Црешкаул.Населено место без уличен систем”, с.Црешка, Штип и
-Друштвото за вработување на инвалидни лица за производство, промет иуслуги ,,ПУРАВИН” ДООЕЛ увоз – извоз с.Црешка – Штип, за објектот вонаселено место с.Црешка ул.Населено место без уличен систем”,с.Црешка, Штип.
Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:
-на Друштво за телекомуникации и софтвер-кабелски оператор Каблекалл увоз-извоз ДООЕЛ Кичево, Потврда бр.2 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: TВ БОЕМ, Гура, Ускана, TV 1000 Balkan, Viasat History, Viasat Explorer, Viasat Nature, CNN International, TCM, Cartoon Network, Boomerang, Fashion TV, National GEO, Fox Life, Fox , 24 Kitchen, Chasse&Peche, AB Motors, Rai Uno, Rai Due, RTS SAT, HRT 1, SLO 1, RTCG, JRTS, TRT Turk, Kabel eins, N24, ProSieben, RTK, TVSTEK Rumeli, Al Jazeera Balkans, Hayat, TV Alsat – shqip, TV Super Sonic, MTV Adria, VH 1, BN,BN Music, Travel channel, Discovery Channel, Animal Planet, TLC , Planeta, Eurosport и Eurosport 2.
-на Македонски Телеком АД Скопје, Потврда бр.42 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси:24 Kitchen и FOX;
-на ТРД – оператор на кабелска мрежа Спејс Тел-Нет ДООЕЛ с.Кадино, Илинден Скопје, Потврда бр.3 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси:ТВ Сонце, МТМ, BN, BN Music, Boomerang, Cartoon Network, CNN, Planeta, FOX, FOX Movies, 24 Kitchen, MTV Adria, Discovery, TLC, Animal Planet иDiscovery ID;
-на Друштво за услуги, трговија и производство МОБИ Сервис увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп, општина Кривогаштани, Потврда бр.1 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси:МТВ 1, МТВ 2, Собраниски Канал, Телма, Сител, Сител 3, Канал 5 плус, Алфа ТВ, Наша ТВ, 24 Вести, ТВ Сонце, Russia Today Doc, B 92 info, Svet Plus, K CN, K CN Music, Happy TV, Spektrum, HD Music, SOS Kanal, DM SAT, Astro TV, Top music, Duga TV, Alternativna TV, Valentino TV, Atlas TV, Planeta, Rodina и Russia Today.