Хроника од 24-та седница

Скопје, 17.05.2013г. Во согласност со измените и дополнувањата на Законот за радиодифузната дејност кои влегоа во сила денеска, со кои се обезбедуваат попрецизни законски решенија за преминот од аналогно кон дигитално емитување на телевизискиот сигнал во Република Македонија, Советот за радиодифузија, на денешната 24-та седница ги усвои следниве документи:

– План за намена и распределба на преносни капацитети на дигитален терестријален мултиплекс – измени и дополнувања

– Правилник за техничките, просторните, финансиските и кадровските услови за добивање дозвола за вршење радиодифузна дејност

-Правилник за определување на подрачјата на емитување преку јавна комуникациска мрежа на телевизиските програмски сервиси на локално ниво

– Преддоговор за емитување / пренесување на ТВ програмски сервис преку оператор на јавна комуникациска мрежа

– Образец на барање за измена на дозволата за вршење радиодифузна дејност за телевизиски програмски сервис на државно/регионално ниво во однос на техничкото средство преку кое се врши емитувањето на телевизискиот програмски сервис

– Образец на барање за измена на дозволата за вршење радиодифузна дејност за телевизиски програмски сервис на локално ниво, во однос на: нивото на емитување и техничкото средство преку кое се врши емитувањето на телевизискиот програмски сервис



Accessibility

Accessibility