Скопје, 20.08.2015г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис преку ЈЕКМ што не користи ограничен ресурс, на регионално ниво на ТРД ТВ КОБРА ДОО Радовиш и Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на ТРД РАДИО СВЕТИ НИКОЛЕ ДОО Свети Николе. Со цел спроведување на јавна набавка, Советот даде одобрение на Директорот на Агенцијата за изменување на одлуката за потреба на јавна набавка – печатарски услуги. Советот даде одобрување на Одлуките на Директорот на Агенцијата за избор фирма за изработка на фолдери и информативни плочки и за продажба на движна ствар преку електронски систем за јавно надавање.