Хроника од 29-та седница

СКОПЈЕ, 14.06.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги усвои Предлозите од Советот за радиодифузија на РМ за измени и дополнувања на  Нацрт- законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги од 5 јуни 2013 година.

СРД го усвои  Извештајот за исполнување на обврската за емитување европски аудиовизуелни дела во 2012 година. Од извештајот се заклучи следново:

-ТВ Телма, ТВ Сител, ТВ Сонце и ТВ Сител 3 ја исполниле законската обврска за емитување европски аудиовизуелни дела во 2012 година. Со оглед на минималните грешки во евиденцијата, кои немаат пресудно влијание во сумарниот процент емитувани  европски дела – не треба да им се доставува посебно барање за корекции на ТВ Сител и на ТВ Сител 3.  

-Бидејќи во доставената документација кај МРТ1, ТВ Алфа и ТВ Алсат-М, се констатирани грешки во евидентирањето на програмите, Советот ќе побара да достават нови обрасци со прецизна евиденција за емитуваните европ-ски аудиовизуелни дела за да може да се утврди процентот на исполнување на оваа законска обврска.

-Бидејќи ТВ Наша воопшто не достави податоци, а ТВ Канал 5 и ТВ Канал 5 плус, доставија само сумарен образец врз основа на кој не може да се направи прецизен увид во однос на остварувањето на оваа законска обврска, Советот им изрече писмена опомена со барање за објавување.

СРД ги усвои Извештаите од мониторинзите на ЈП Македонска радио телевизија, Прв, Втор и Трет програмски сервис на Македонско радио, емитувани на 29 мај 2013 година во кои не се забележани прекршувања на Законот за радиодифузната дејност и на подзаконските акти.        
СРД ги усвои Извештаите од мониторингот на програмските сервиси на ТРД Радио Антена 5, РОС Метрополис Радио и ТРД Радио КАНАЛ 77 емитувани на 16 мај 2013 година и го заклучи следново:

-на ТРД Радио Антена 5 поради прекршување на Член 97 став 1 од Законот за радиодифузната дејност, неозначување и неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата со акустички средства му изрече писмена опомена со барање за објавување.

-кај РОС Метрополис Радио и ТРД РАДИО КАНАЛ 77 не се забележани прекршувања на Законот за радиодифузната дејност и на подзаконските акти.   

СРД ја усвои Информацијата за извршена промена на сопственичката структура на  ТРД  Телевизија КОБРА ДОО Радовиш и заклучи да му изрече писмена опомена поради прекршување на член 17 став 2 од Законот за радиодифузната дејност.  Советот го задолжи ТРД КОБРА, во рок од 8 дена од денот од приемот на дописот дополнително да ја достави потребната документација. Советот заклучи да упати допис до Централниот регистар на Република Македонија, со кој ќе укаже на потребата во иднина промена на сопственичка структура на радиодифузерите која се прави по сила на закон – врз основа на Решение по спроведена оставинска постапка на суд или на нотар, да се врши и врз основа на  доставено Одобрение за промена на сопственичката структура издадено од Советот за радиодифузија.  

СРД ја усвои Информација во врска со плаќањето на надоместокот за дозвола за вршење радиодифузна дејност за терестеријално емитување, состојба заклучно со 14 јуни 2013 година и го заклучи на Радио Канал 77 Штип, ТВ Амазон Скопје, ТВ Шутел Скопје, ТВ Кисс Тетово, ТВ Ера, ТРД ТВ БТР Национал, ТВ Скај Нет,ТВ Крт, ТВ Арт Тетово, ТВ Калтрина Струга, ТВ Арт Канал Струга, ТВ Ускана Кичево, ТВ Ирис Штип, ТВ Еми Радовиш, ТВ Кобра Радовиш, Радио Арачина с. Арачиново- Скопје, Гаудеамус Радио Класик ФМ Скопје, Радио Џез ФМ Скопје, Радио Актуел Битола, Би-Ки-Ал Битола, Б-97 Битола, Радио Плус Форте Тетово, Радио Голди Велес, Радио Лав Охрид, Радио МХ Охрид, Радио Ди Џеј Струга, Радио БП Струга, Александар Македонски Кичево, Радио 5 Чоки Прилеп, Радио Тернипе (Младост) Прилеп, Радио Комета 2000 Гостивар, Радио Мерлин Дебар, Радио Пехчево и Радио Беса, согласно член 64 од Законот за радиодифузната дејност и член 23 став 1 од Правилникот за процедурите на финансиското и сметководственото работење на Советот за радиодифузија на РМ да иницира постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност кои по доставените пресметки не извршиле плаќање на надоместокот за дозволата во наведениот рок од 15 дена, односно во целост не го платиле надоместокот за дозволата и ќе упати последно предупредување да го платат долгот кон Советот во рок од 15 дена од иницирањето на постапката за одземање на дозволите,  известувајќи ги дека во спротивно, согласно иницираната постапка за одземање на дозволите, Советот ќе донесе одлука за одземање на дозволите  за вршење радиодифузна дејност.    

СРД ја усвои Информацијата во врска со дописот на Агенцијата за цивилно воздухоловство на Република Македонија и заклучи да упати допис до МРТВ, сите трговските радиодифузни друштва (радија и телевизии) и непрофитните радиодифузни установи (радија) со кој ќе им укаже за/на:

-обврската при известувањето за несреќи, сериозни инциденти или инциденти и нивно техничко истражување да ги почитуваат одредбите од член 167 од Законот за воздухопловство,  

-принципот на самостојност, независност и одговорност на радиодифузерите односно уредниците, новинарите и другите автори при создавањето на програмите и креирањето на уредувачката политика и    

-одговорноста на одговорниот уредник за програмските содржини и вистинитоста на секоја објавена информација на програмата.

СРД заклучи да се упати допис до Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, со кој ќе се предложи во Законот за воздухопловство да се вгради прекршочна одредба за непочитувањето на обврската од член 167 став 3 од Законот за воздухопловство, и да се дополни членот 167 со став што ќе пропише обврска на Агенцијата за цивилно воздухопловство да донесе подзаконски акт со кој подетално ќе се уредат прашањата сврзани со известувањето и соодветната/несоодветната употреба на безбедносните информации собрани при техничкото истражување на несреќи или инциденти во воздушниот простор на Република Македонија

СРД ја усвои Информацијата по повод барањето на Македонската радиотелевизија за затемнување на спортска и играна програма при реемитувањето на  програми на странски телевизиски  програмски сервиси во јавните комуникациски мрежи во Република Македонија  и заклучи да се затемнат кај сите опретаори на јавни комуникациски мрежи следново:

-Спортски натпреварувања:  
Формула 1 (авто трки) – за сезоните од 2012 до 2014 година, Куп на конфедерации (фудбал), Јадранска АБА Лига/Лигата на Јадранската кошаркарска асоцијација (кошарка) – за сезоните 2012/2013, 2013/2014 и 2014/2015 година (само за натпреварите на домашниот напреварувач МЗТ Скопе Аеродром),  Сеха лигата (ракомет) – за сезоната 2012/2013 година, Лига на шампиони (фудбал) – за сезоните 2012/2013, 2013/2014 и 2014/2015, Лига на Европа (фудбал) – за сезоните 2012/2013, 2013/2014 и 2014/2015, Лига на шампиони  (ракомет) – за сезоната 2012/2013; и  

-Играна програма:
Играните ТВ серии Озборувачка (Gossip Girl),  Фринџ (Fringe) , ЦСИ Лас Вегас (CSI Las Vegas) и ЦСИ Мајами (CSI Miami).  

За обврската за затемнување Советот заклучи веднаш да се известат сите јавни комуникациски мрежи во  Република Македонија, со предупредување на правните последици од непостапувањето по налогот за затемнување.  

Со дописот до МРТВ да се задолжи јавниот радиодифузен сервис, најмалку еднаш месечно, со допис и со мејл, да го известува Советот за радиодифузија за термините на емитување на спортската и играната програма на кои се однесува барањето за затемнување и со укажување на кои странски телевизиски програмски сервиси, што се реемитуваат во Република Македонија, се емитуваат/реемитуваат тие програми.

СРД заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на ТРД –оператор на кабелска мрежа Диги Плус Мултимедија БООМ  ДООЕЛ Скопје, ПАКЕТ бр.13 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис Private Spice.\

-на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, Тетово  ул. 3-та Македонска Бригада бб, ПАКЕТ бр.13 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис Чеграни Медиа.



Accessibility

Accessibility