Хроника од 38-та седница

СКОПЈЕ, 13.09.2012 – На денешната седница членовите  на Советот за радиодифузија (СРД) ги разгледаа пристигнатите информации во врска со функционирањето и регистрацијата на австралиските ТВ канали Best of Macedonia (BOM) и K-15 Music. Со оглед на тоа што до СРД пристигнаа контрадикторни информации за нивната сопственост – две различни фирми тврдат дека се нивни сопственици – беше одлучено оваа точка да биде одложена за следната седница, што ќе се одржи во вторник, 18.09. со почеток во 12:00 часот. Дотогаш СРД ќе прибира и анализира дополнителни информации за овие ТВ-канали.

СРД исто така го усвои мислењето за нацртот на Националната стратегија за развојот на културата за периодот 2012 – 2017. Во мислењето се дадени предлози за усогласување на оваа стратегија со Стратегијата за развојот на радиодифузната дејност во РМ за периодот 2013-2017.



Accessibility

Accessibility