Хроника од 47-та седница

Скопје, 24.09.2013– Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ја усвои Информацијата за текот на стечајната постапка над стечајниот должник Трговско радиодифузно друштво „ПИНК 15“ ДООЕЛ Скопје и заклучи, како доверител со утврдено побарување, да продолжи со учество и следење на стечајната постапка на овој радиодифузер.

СРД ја усвои Информацијата во врска со определените мерки за обезбедување над Радио дифузното трговско друштво ,,РАДИО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА” ДООЕЛ Македонска Каменица и заклучи да донесе Решение за престанок на важноста на дозволата за вршење радиодифузна дејност, по објавувањето на Решението за отворена и заклучена стечајна постапка над должникот РТД „РАДИО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА’’ ДООЕЛ Македонска Каменица.

Советот за радиодифузија го разгледа Извештајот од мониторингот на серијалот „Меѓу чаршафите, со Ребека Розенблат“ емитуван на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, во периодот од 9 до 13 септември 2013 година и заклучи на радиодифузерот да му изрече мерка писмена опомена со барање за објавување поради несоодветен термин на емитување на серијалот.

СРД ја усвои Информацијата по барањето на ТРД Канал 5 ДООЕЛ – Скопје и заклучи да испрати допис до сите оператори на јавни комуникациски мрежи да вршат затемнување на странскиот телевизиски програмски сервис TВ ОБН (ТV OBN) за време на премиерното и репризното емитување на ТВ серијата „Сулејман Величенствени“, во следниве термини: од понеделник до петок од 15:55 до 17:00 часот; од 20:00 до 21:00 часот и од 22:20 до 23:30 часот, во сабота од 13:20 до 17:30 часот, со наведување на причината за затемнувањето и со напомена дека ќе следат контролни мониторинзи заради проверка дали се почитува налогот за затемнување.



Accessibility

Accessibility