СКОПЈЕ, 02.11.2012– На денешната седница, Советот за радиодифузија ja разгледа Информацијата за плаќањето на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност од страна на ТРД Радио Кавадарци од Кавадарци, ТРД Валандово од Валандово, ТРД Радио Фокус од Тетово, ДРД Еко Радио од Пробиштип и ТРД Радио Медисон од Кичево. Заклучно со рокот за плаќање, 1 ноември 2012 година, ТРД Радио Кавадарци и ТРД Радио Медисон ја исполнија својата обврска, додека останатите три трговски радиодифузни друштва ТРД Валандово, ДРД Еко Радио- Пробиштип и ТРД Радио Фокус -Тетово не го уплатија пресметаниот надоместок за дозволата.
Советот за радиодифузија заклучи за трите радиодифузни друштва кои не го платија надоместокот, да иницира постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност и да упати последно предупредување да го платат долгот кон Советот во рок од 15 дена од иницирањето на постапката за одземање на дозволата. Во спротивно, Советот ќе донесе одлука за одземање на дозволите за вршење радиодифузна дејност.