СКОПЈЕ, 29.10.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седницаја усвои Информацијата по Барањето на ТРД Алсат М – Скопје изаклучи со писмени дописи и по електронска пошта, да им се наложи на операторите на јавни комуникациски мрежи: Македонски телеком АД – Скопје (Макс ТВ -(Max TV), Дигиплус милтимедиа ДООЕЛ – Скопје (Бум ТВ – Boom TV) и Медиа ендброудбенд – Близу ДООЕЛ – Скопје, да вршат затемнување на странскитe телевизискипрограмски сервиси ТВ 21 Косово (TV 21 Kosovo), ТВ Хајат (TV Hayat) и Визион Плус(Vizion plus) за време на премиерното и репризното емитување на ТВ серијата „Карадај“,во следниве термини:
– На ТВ 21 (TV 21 Kosovo), од понеделник до петок во премиерните термини од21.30 часот, како и репризните термини од 15.30 часот, и во сабота – неделната репризнакомпилација од 13.30часот;
– На ТВ Хајат (TV Hayat), од понеделник до четврток во премиерните термини од 22.00 часот, како и репризните термини од 16.00 часот; и
– На Визион Плус (Vizion plus) од 05.11.2013 година, со почеток во 21.00 часот.
СРД ќе прави контролни мониторинзи заради проверка дали се почитува налогот за затемнување.
Советот го разгледа Барањето за издавање на документ од ГБЦ Комуникации ДООЕЛ, Штип и заклучи да го извести споменатиот радиодифузер дека пред донесувањето одлука за објавување конкурс, Советот за радиодифузија спроведува јавно истражување и анализа во поглед на видот на програмските сервиси за коитреба да се објави конкурсот од аспект на потребите на публиката и можеда изврши консултации со заинтересираните страни.
СРД ја усвои Информацијата за извршениот надзор врз операторите на јавни комуникациски мрежи во Прилеп и заклучи на операторот на јавна комуникациска мрежа КДС Кабел-Нет ДООЕЛ Прилеп да му се издаде писмен налог за исклучување на програмските сервиси: HRT 1, TV1000, Animal Planet, Boomerang, MTV, Fox Life, Fox Crime, Universal, Style, National Geographic, VH1, Viasat Nature, Viasat History, Cartoon Network, Discovery, Discovery Science, Chase&Peche, Extreme sport, Viasat Explorer, Rai Uno, CNN, Alternativna TV, RTS-Sat, Russia Today, RTL II, AB moteurs и Kopernikus.
По издавањето на писмениот налог, СРД ќе направи контролен мониторинг врз работата на КДС Кабел-Нет ДООЕЛ Прилеп. Доколку операторот не постапил по налогот, Советот ќе поведе прекршочна постапка против него.