Хроника од 54-та седница

СКОПЈЕ, 04.11.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ја усвои Информацијата за плаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност, по доставени пресметки на 18-ти октомври 2013-та година и заклучи да иницира постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТРД Радио Фокус ДООЕЛ од Тетово, кое по доставената пресметка не извршил плаќање на надоместокот за дозволата во наведениот рок од 15 дена. Советот ќе упати последно предупредување до споменатиот радиодифузер да го плати долгот во рок од 15 дена од иницирањето на постапката за одземање на дозволата, известувајќи го дека во спротивно ќе донесе одлука за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност.

СРД ги разгледа извештаите од мониторингот на програмските сервиси ЈП Македонска радиотелевизија Скопје, Прв програмски сервис на Македонско радио – Радио Скопје, ЈП Македонска радио телевизија,Втор програмски сервис на Македонско радио-Радио 2 и ЈП Македонска радиотелевизија Скопје, Трет програмски сервис на Македонско радио – Канал на етнички заедници емитувани на 8 октомври 2013-та година. На програмата на споменатите радиодифузери не се констатирани прекршувања на одредбите од Законот за радиодифузната дејност и на подзаконските акти.

СРД ја усвои Информацијата за барањето за согласност за промена на сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво АЛСАТ-М ДОО Скопје. Со оглед на тоа дека не постојат законски пречки, односно не се создава недозволена медиумска концентрација, Советот издаде одобрение за промена на сопственичката структура на споменатиот радиодифузер.

Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на Друштво за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје ул.Прашка бб Скопје-Карпош, Потврда бр.13 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис Al Jazeera Balkans.

-на Македонски Телеком АД Скопје, Потврда бр.48 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси: Arena Sport 1, Arena Sport 2, Arena Sport 3и Arena Sport 4.



Accessibility

Accessibility