Хроника од 55-та седница

СКОПЈЕ, 23.11.2012 – На денешната седница, Советот за радиодифузија (СРД) заклучи да ја одземе дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТРД Новател-плус ДООЕЛ Прилеп поради тоа што имателот на дозволата не започнал со вршење на дејноста во утврдениот рок.

СРД ја разгледа Информацијата во врска со поведената претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка за ТРД ПИНК МАК ДООЕЛ и заклучи континуирано да ја следи постапката, како би можел да го пријави своето побарувањево однос на ТРД ПИНК МАК ДООЕЛ кај стечајниот управник доколку се отвори стечајна постапка.

Во врска со основаното сомнение дека се сторени кривични дела „Пиратерија на аудиовизуелно дело“ од член 157 –б, став 1 од страна на управителот на ТРД ТВ Едо и „Пиратерија на аудиовизуелно дело“ од член 157-б став 3 од Кривичниот законик, Советот за радиодифузија заклучи за ова да го информира Министерството за внатрешни работи и да ги поднесе расположивите докази.

За емисиите на Телевизија Дојче Веле од Сојузна Република Германија, емитувани на програмата на ТРД 24 вести ДООЕЛ Штип на 27 октомври 2012 година, нема основано сомнение дека се работи за прекршување на одредбите од Законот за радиодифзуната дејност кои се однесуваат на авторските и сродните права и нема основано сомнение дека се работи за сторено кривично дело „Пиратерија на аудиовизуелно дело“. Во интерес на почитување на Одлуката за доставување пропратна документација кон барањата и другите дописи упатени до Архивата на Советот за радиодифузија и Правилникот за регистрација на пакетот програмски сервиси на операторите на јавни комуникациски мрежи, СРД заклучи да го задолжи ТРД 24 Вести ДООЕЛ Штип под итно да достави кај нотар заверен превод на договорот со Телевизија Дојче Веле .

Советот за радиодифузија усвои три Нацрт-прирачници:
–    Нацрт-прирачник за изрекување и за извршување мерки според Законот за радиодифузната дејност, чија цел е да обезбеди насоки за успешна имплементација на одредбите од Законот за радиодифузната дејност, а особено на член 11, член 17, член 38 и членовите од 109 до 113 од Законот;

–    Нацрт-прирачник за оценување на медиумскиот плурализам (внатрешен плурализам), чија цел е да ги нотира сите релевантни показатели за оценување  на медиумскиот плурализам во Република Македонија;

–    Нацрт-прирачник за создавање пазарни услови за одржлив економски раст на медиумската индустрија и фер конкуренција, чија цел е да се овозможи поефикасно спроведување на законската регулатива насочена кон овозможување услови за слободна и фер конкуренција помеѓу субјектите на радиодифузната индустрија и развој на индустријата.



Accessibility

Accessibility