Хроника од 56-та седница

СКОПЈЕ 08.11.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ја усвои Информацијата по Барањето на ТРД Алсат М – Скопје и заклучи, со писмени дописи и по електронска пошта, да достави налог за затемнување на екранот до сите оператори на јавни комуникациски мрежи кои не беа споменати во претходното барање на ТВ Алсат М. Операторите на јавни комуникациски мрежи, веднаш по приемот на налогот треба да започнат со затемнување на странскитe телевизиски програмски сервиси ТВ 21 Косово (TV 21 Kosovo), ТВ Хајат (TV Hayat) и Визион Плус (Vizion plus) за време на премиерното и репризното емитување/реемитување на ТВ серијата „Карадај“во следниве термини:

– на ТВ Хајат плус ТВ серијата „Карадај“ ќе оди премиерно секој работен ден во терминот од 22:00 до 23:00 часот и репризно секој работен ден од 10,00 до 11,00 часот;

-на ТВ Визион плус серијата ќе оди само во вторник и среда, во терминот од 21:00 до 22:00 часот, без репризни изданија и

-на ТВ РТВ 21 репризите се секој ден од 12:30 до 13:00 часот, а премиерите се само во одредени денови во термините од 21:30-23:00 часот.

Доколку серијата се емитува и во други термини, освен во наведените, операторите на јавни комуникациски мрежи се должни да го затемнуваат екранот во сите термини кога се емитува серијата „Карадај“.

СРД ќе прави контролни мониторинзи заради проверка дали се почитува налогот за затемнување.

СРД го усвои Извештајот од состанокот со сопственикот на ТРД РАДИО БЕСА ДООЕЛ с. Црнилиште, Долнени. На состанокот на сопственикот му беше укажано на прекршувањата кои радиодифузерот ги направил во текот на 2013 година и беше одлучено краен рок за исполнување на обврските и за отстранување на сторените повреди на Законот за радиодифузната дејност од страна на споменатиот радиодифузер да биде 20 ноември 2013 година.

СРД ја усвои Информацијата од службените посети во ТРД РАДИО ФОКУС ДООЕЛ Тетово и ТРД ЕНЕРГУ РАДИО ДООЕЛ увоз-извоз Струга. На претставниците на Радио Фокус и ЕНЕРГУ РАДИО им е укажано на сторените прекршувања на Законот за радиодифузна дејност, со тоа што тие треба да го услогасат своето работење со Законот најдоцна до 15 ноември 2013 година.

Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа КДС КАБЕЛ НЕТ ДОО Прилеп ул.Питу Гули 3/2 Прилеп, Потврда бр. 6 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Алфа ТВ, Канал 5, Канал 5+, Sport Klub, Sport Klub +, Golf Klub, Fishing & Hunting, Ultra, Cinemania, Kopernikus, RTS-SAT, HRT 1, RAI UNO, RTV CG, TRT, RTL 2, B92 Info, CBS Drama, VH 1, CBS Reality, Chasse & Peche, AB Moteurs, TV 1000, Viasat History, Viasat Explorer, Animal Planet, Discovery Channel, TLC, Discovery Science, Boomerang, CN, Carton Network, Universal Channel, Style, Viasat Nature, MTV Adria, World Fashion, Fox Life, Fox Crime, National Geographic, Russia Today TV HD и RT Documentary HD.

 



Accessibility

Accessibility