СКОПЈЕ, 03.12.2012 – На денешната седница, Советот за радиодифузија (СРД) ги усвои следниве Предлог – Прирачници:
– Предлог – Прирачник за изрекување и извршување на мерки кои Советот за радиодифузија на РМ им ги изрекува на радиодифузерите и операторите на јавни комуникациски мрежи;
– Предлог – Прирачник за оценување на медиумскиот плурализам (Внатрешен плурализам); и
– Предлог – Прирачник за создавање на пазарни услови за оржлив економски раст на медиумската индустрија и фер конкуренција.
Советот за радиодифузија ја усвои Работната верзија на Стратегијата за развој на радиодифузната дејност за периодот 2013-2017 година, заедно со Акцискиот план.
СРД заклучи да издаде две потврди за регистрирани програмски пакети и тоа:
– Потврда за регистриран дигитален програмски пакет бр.31 на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје”, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Kopernikus, KCN Music, Svet Plus, TVSH и Telesport
– Потврда за регистриран програмски пакет бр.8 за реемитување преку јавна комуникациска мрежа на
Друштвото за телекомуникациски услуги ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА ДООЕЛ Скопје за телевизискиот програмски сервис RTV 21.
На операторот на јавна комуникациска мрежа ГЛОБАЛ НЕТ ДООЕЛ Крушево, Советот заклучи да му упати налог за исклучување на телевизиските програмски сервиси: Sport Klub(Спорт клуб), Sport Klub + (Спорт клуб +), Fishing and Hunting (Риболов и лов), Golf Klub (Голф клуб), Ultra (Ултра) и Cinemania (Синеманиа), поради раскинување на договорите за нивно реемитување, за што ќе ги информира S.C IKO Balkan S.R.L од Букурешт и IKOMEDIA DOO од Белград, како иматели на правата за споменатите програмски сервиси и налог за исклучување на телевизиските програмски сервиси БОМ (Best of Macedonia) и К- 15 Мјузик (K – 15 Music), поради неисполнети законски услови за нивна регистрација во програмски пакет.
СРД ја усвои Анализата на Структурата на вработените во радиодифузната дејност според етничка припадност.
Со оглед на тоа што ТРД ГАУДЕАМУС РАДИО КЛАСИК ФМ, Мартин ДООЕЛ Скопје изврши промена на сопственичката структура со која го усогласи своето работење со член 11, а во врска со член 18 од Законот за радиодифузната дејност, Советот за радиодифузија, одлучи да ја запре иницираната постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност.
Поради тоа што во Дневникот на ТВ Канал 5 на 16 ноември 2012 година и во Дневникот на ТВ Сител на 17 ноември 2012 година се објавени измени и дополнувања, односно исправката/ одговорот на Здружението за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи – ММИ е дополнета со коментар, Советот заклучи на ТВ Канал 5 и на ТВ Сител да им укаже дека објавувањето одговор, односно исправка на ваков начин е спротивно на член 154 ставови 1 и 3 од Законот за радиодифузната дејност.
Советот за радиодифузија го усвои Предлог – мислењето за Информацијата и Акциониот план за превенција и справување со нелегални активности и содржини преку информатичко-телекомуникациските технологии и заштита на децата и младите од истите 2012-2014 година.