Хроника од 6-та седница

СКОПЈЕ, 04.02.2014- Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница ја усвои Информацијата за ослободување од плаќање радиодифузна такса за семејните домаќинства на обврзниците од с. Долни Манастирец, општина Македонски Брод и одлучи да и предложи на Владата на Република Македонија, да ги ослободи од плаќање на радиодифузната такса семејните домаќинства на обврзниците кои не се покриени со радиодифузните сигнали на Јавното претпријатие „Македонска радиодифузија”, преку кои се емитуваат програмските сервиси на „Македонска радио-телевизија”, од с. Долни Манастирец, општина Македонски Брод вкупно 48 (четириесет и осум) семејни домаќинства.

Агенцијата го усвои Извештајот за извршена ревизија на начинот на подготовка на тендерската документација за проектното фише: “Зајакнување на административните капацитети на регулаторните тела за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски сервиси – EuropeAid/129857/D/SER/MK“.

Агенцијата ја усвои Информацијата по повод барањето на Македонската радиотелевизија за географско блокирање (затемнување) на содржините од Зимските олимписки игри Сочи 2014 при емитувањето/реемитувањето на такви содржини на странски телевизиски програмски сервиси во јавните комуникациски мрежи во Република Македонија, и заклучи да испрати допис до сите јавни електронски комуникациски мрежи во Република Македонија, во кој ќе им укаже на обврската за затемнување на странските телевизиски програмски сервиси што се реемитуваат во Република Македонија, за време на емитувањето/реемитување на содржини од Зимските олимписки игри Сочи 2014, од 7 до 23 февруари 2014 година.

Агенцијата ги усвои регистрите на радијата и телевизиите и истите се објавени на веб – страницата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на ТРД – ВИНСАТ КАБЕЛ ДООЕЛ Виница, Потврда бр. 1 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: МТВ 1, МТВ 2, Собраниски канал, Сител, Сител 3, Канал 5, Канал 5 плус, Телма, Алфа, ТВ Ирис (регионално), ТВ Стар (регионално), ТВ Д1 (регионално), ТВ Кочани (локално), ТВ Канал 8 (локално), ТВ Сонце, ТВ 24 Вести, Атлас, RTS Sat, HRT 1, HRT 3, Valentino TV и DM Sat;

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Велес, Потврда бр. 27 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниот телевизиски програмски сервис: Канал 21 (локално);

-на ТРД – Oператор на кабелска мрежа ИНФЕЛ КТВ ДОО Охрид, Потврда бр. 13 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниот телевизиски програмски сервис: BN;

-на Друштвото за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО ул.Маршал Тито бб Гевгелија, Потврд бр. 8, со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Радио ТАЈМ (локално) и Радио АНТЕНА 5;

– на Македонски Телеком АД – Скопје, Потврда бр. 51, со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниот телевизиски програмски сервис: Канал ТРИ (регионално);

– на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип,Подружници Телекабел – дигитален пакет за градовите Скопје,Велес, Штип, Битола, Свeти Николе, Струмица, Кочани,Неготино,Радовиш и Кавадарци, Потврда бр. 27 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следнииот телевизиски програмски сервис: Канал 5 плус;

– на Друштво за услуги, производство и трговија ВВВ-ИНТЕРНЕТ Куманово, Потврда бр. 2, со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Sport Klub, Sport Klub +, SK Prime, Golf Klub, Fishing and Hunting, Ultra, Cinemania, Mini Ultra, IQS Live, Al Jazeera Balkans, Klan Kosova, RTV 21, 21 Plus и 21 Popullore.



Accessibility

Accessibility