Скопје, 27.02.2015 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница го усвои Извештајот за завршната сметка на Агенцијата и Нацрт-Годишниот Извештај за работата на Агенцијата за 2014 година.
Советот на Агенцијата ги усвои предлозите на директорот за запирање на покренатите постапки за одземање на дозволата за телевизиско и радио емитување на ТВ Сонце, ТВ Шутел, РА Александар Македонски, ТВ Нова, ТВ Едо, РА Еми, РА Б-97 и ТВ Лажани.
Советот на Агенцијата донесе одлука со која се дозволува промена во сопственичката структура на ТРД ХОМЕ Радио Скопје.
Советот на Агенцијата донесе Нацрт – Правилник за нови рекламни техники, Нацрт – Правилник за утврдување на локациите за прибирање сигнали од ОЈЕКМ и даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање и Нацрт – Кодекс за однесување на членовите на Советот и вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. По Нацрт – Правилниците е започната јавна расправа која ќе трае до 28.03.2015 година.
Советот на Агенцијата ги донесе следниве правилници: Правилник за начинот на објавување на податоците за работењето на радиодифузерите и Правилник за стручно усовршување, дообразување и специјализација на вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Советот на Агенцијата даде одобрение на директорот на Агенцијата за спроведување на јавна набавка за Одржување (превентивно) на системот за материјално-финансиско работење, плата и магацинско работење.