Хроника од 8-та седница

Скопје, 04.03.2015г. – За непочитување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност во утврдениот рок, по предлог на директорот на Агенцијата, Советот на Агенцијата донесе одлуки за одземање на дозволите за вршење радиодифузна дејност на ТРД ТВ БТР Национал Зоран ДООЕЛ Скопје и ТРД ТВ АМАЗОН ДООЕЛ Скопје.

Советот на Агенцијата донесе заклучоци за запирање на покренати постапки за одземање на дозволи за телевизиско и радио емитување на следниве радиодифузери: ТВ Спектра, ТВ Супер Скај, ТВ Далга-Крт, РА Џез ФМ, ТВ Кобра, РА Ди-Џеј, ТВ Ирис, ТВ Еми, ТВ Кисс, РА Чоки 5.  



Accessibility

Accessibility