СКОПЈЕ, 13.02.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница ги усвои Нацрт – Регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети, Нацрт – Регистарот на издавачи на медиуми и Нацрт – пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и регистрација на програмски сервиси. Тие ќе бидат објавени на веб – страницата на Агенцијата и сите заинтересирани страни во рок од 7 (седум) дена ќе можат да доставуваат забелешки по нив.
Агенцијата го усвои Извештајот од вонредниот надзор на прилог во „Дневникот“ од 19 часот на 1 февруари 2014 на ТРД Телевизија Сител, Скопје, и одлучи да достави допис до ТРД Телевизија Сител, Скопје, и до одговорното лице на програмата во правното лице, со цел да им се укаже при вршењето на дејноста да се внимава на почитувањето на начелото на поттикнување на духот на толеранцијата, заемното почитување и разбирање меѓу индивидуите од различно етничко и културно потекло. Текстот на Извештајот може да се преземе тука.
Агенцијата го усвои Извештајот од мониторингот на програмите на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања (од 2 до 9 февруари 2014).Текстот на Извештајот може да се преземе тука.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го усвои Извештајот од извршениот програмски надзор врз работата на оператор на јавна електронска комуникациска мрежа на 07.02.2014 година во Битола и во однос на прекршувањата направени од страна на ТРД операторот на кабелска мрежа БТВ-НЕТ увоз-извоз ДОО БИТОЛА одлучи да постапи на следниов начин:
– Да му издаде решение со кое ќе му наложи веднаш да го исклучи реемитувањето на следниве програмски сервиси во рамките на аналогниот пакет: ATV, Disney XD, Planeta, MEGA и TV5 Monde
– Да му издаде решение со кое ќе му наложи веднаш да го исклучи реемитувањето на следниве програмски сервиси во рамките на дигиталниот пакет: FREE XTV, French Lover, MBC 4, MBC 3, MBC 2, MBC Max, MBC Action, Desire X, K3, OBN, BN Sat, BN Music, Hayat, VOX, Super RTL, RTL 2, RTL, N-TV, VH-1, MTV Adria, Universal channel, Fox Movies, 24 Kitchen, FOX, National Geographic, Fox Life, Fox Crime, Viasat History, TV1000, Viasat Explorer, TLC, Kopernikus, Svet Plus, Duga TV, OTV Valentino, Discovery World, Discovery Science, Discovery ID, Discovery channel, Animal Planet, SK2, SK1, SK3, Ultra, Fishing & Hunting, Cinemania, Mini Ultra, IQS Life, ТВ Боем, ТВ Ускана, Russia Today, Russia Documentary, ТВ Визија, Алсат М, Алфа, Телма, Канал 5, Сител, Собраниски канал, МРТ 2, МРТ 1 и двата сопствени канали.
По издавањето на решенијата, Агенцијата ќе направи контролен надзор врз работата на споменатиот оператор на јавна комуникациска мрежа, со цел да се утврди дали истиот постапил по решението. Во спротивно, Агенцијата ќе поведе прекршочна постапка.
Воедно, Агенцијата одлучи на БТВ-НЕТ, согласно член 23 став 1 алинеја 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да му се изрече решение за опомена, со рок од три дена за отстранување на недостатокот во однос на титлувањето на следниве реемитувани програмски сервиси: Universal channel, чиј оргинален јазик е англискиот, со титлови (превод) на српски јазик, Fishing and Hunting, чиј оргинален јазик е унгарски, со титлови (превод) на српски јазик, Viasat History, чиј оргинален јазик е англискиот, со титлови (превод) на српски јазик, FOX Movies, чиј оргинален јазик е англискиот, со титлови (превод) на српски јазик и да му се изрече решение за опомена, со рок од три дена за отстранување на недостатокот во однос на реемитувањето на порнографски канали во некодирана форма.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:
– на Македонски Телеком АД – Скопје, Потврда бр. 54 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: ТВ ЕДО (регионално), ТВ МТМ (регионално), Наша ТВ и ТРД Златен Канал (регионално);
-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп, Потврда бр. 58 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: MTV Hits, MTV Rocks, MTV Dance и VH1 Classic.