Четврти јавен состанок на Агенцијата

Oдржан четвртиот јавен состанок посветен на замена на постојните дозволи за радиодифузна дејност

Picture 03-javen sostanok2Скопје, 10.12.2014г. – Денес, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврските утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржa својот четврти  јавен состанок. Целта беше на радиодифузерите и останатите заинтересирани субјекти да им се објасни процесот на замена на постојните дозволи за вршење радиодифузна дејност со нови дозволи за телевизиско или радио емитување.

На состанокот подетално беа објаснети пријавите за замена на дозволите, програмските концепти за телевизиски програмски сервис, за радио програмски сервис и за непрофитна радиодифузна установа, пресметувањето на надоместокот за дозволите за телевизиско или радио емитување.

Презентациите од состанокот може да се преземат на следниве линкови:

Пример за РА – Говорно – музичко радио со претежно информативен општ формат

Пример за РА – Музичко – говорно радио од општ формат

Пример за РА – Непрофитно радио

Пример за ТВ формат – Општ претежно забавен

Добиените ставови и мислења и ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за четвртиот јавен состанок може да ги преземете тука


Агенда за четвртиот јавен состанок на Агенцијата

Пријава за учество на четвртиот јавен состанок на Агенцијата


ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАМЕНА НА ПОСТОЈНИТЕ ДОЗВОЛИ ЗА ВРШЕЊЕ РАДИОДИФУЗНА ДЕЈНОСТ СО НОВИ ДОЗВОЛИ ЗА ТЕЛЕВИЗИСКО ИЛИ РАДИО ЕМИТУВАЊЕ

ОДЛУКА ЗА ЗАМЕНА НА ПОСТОЈНИТЕ ДОЗВОЛИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАДИОДИФУЗНА ДЕЈНОСТ СО НОВИ ДОЗВОЛИ ЗА ТЕЛЕВИЗИСКО ИЛИ РАДИО ЕМИТУВАЊЕ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во согласност со член 154 став 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по службена должност ќе изврши замена на постојните дозволи за вршење радиодифузна дејност со нови дозволи за телевизиско или радио емитување.

Пријавата за замена на постојната дозвола заедно со придружната документација, радиодифузерите ќе можат да ги преземат на линковите подолу.

ЗА КОМЕРЦИЈАЛНИ ТЕЛЕВИЗИИ

  • ПРИЈАВА за замена на постојната дозвола за вршење на радиодифузна дејност
  • Образец 1 – Програмски концепт
  • Образец 2 – Податоците за сопственичката структура 
  • Образец 3 – Техничките и просторни услови 
  • Образец 4 – Кадровските услови

ЗА КОМЕРЦИЈАЛНИ РАДИЈА

  • ПРИЈАВА за замена на постојната дозвола за вршење на радиодифузна дејност
  • Образец 1 – Програмски концепт
  • Образец 2 – Податоците за сопственичката структура 
  • Образец 3 – Техничките и просторни услови 
  • Образец 4 – Кадровските услови

ЗА НЕПРОФИТНИ РАДИОДИФУЗНИ УСТАНОВИ

  • ПРИЈАВА за замена на постојната дозвола за вршење на радиодифузна дејност
  • Образец 1 – Програмски концепт
  • Образец 2 – Податоците за сопственичката структура 
  • Образец 3 – Технички и просторни услови 
  • Образец 4 – Кадровски услови

КАКО ДА ЈА ВПИШЕТЕ СТРУКТУРАТА НА ПРОГРАМАТА/МУЗИКАТА ВО ПРИЈАВИТЕ?

За полесно да ја впишете структурата на планираната програма, односно структурата на планираната музика во Пријавите, Агенцијата подготви ексел табели, со чија помош автоматски се пресметува времетраењето на програмата/музиката, времетраењето на програмата по функции и застапеноста по функции.

На следните линкови можете да ги преземете соодветните ексел табели:

Програмски концепт за телевизискиот програмски сервис

Програмски концепт за радио програмски сервис


Подзаконски акти релевантни за замена на дозволите:

Правилник за форматите на програмските сервиси на радиодифузерите 

Правилник за емитување европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти

Правилник за формата и содржината на известувањето за промена на сопственичката структура

Правилник за минималните технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување

Правилник за подрачјето на емитување на телевизиски и радио програмски сервиси 

Правилник за обврските за емитување изворно создадена програма, музика, документарна и играна програма 

Упатство за начинот на класификација на видовите аудиовизуелни и аудио програми



Accessibility

Accessibility