Одржан четвртиот јавен состанок на АВМУ за 2024 година
Скопје, 25 декември 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа последниот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.
Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со спроведените програмски и административни надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и издавачите на печатени медиуми, како и изречените мерки јавна опомена за оние субјекти кои ги прекршиле Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
На настанот беа споменати и активностите поврзани со меѓународната и европска соработка, покренатите постапки за одземање на дозволи за радиодифузерите, одлуките за објавување на јавен конкурс за доделување на дозволи за радио емитување и др.
Презентацијата за реализираните активности согласно Годишната програма за работа за периодот октомври – декември 2024 е достапна на линкот.
Агендата за јавниот состанок на Агенцијата може да се преземе на следниот линк
Пријавата за учество на јавниот состанок на Агенцијата може да се преземе на следниот линк