15.02.2010г. Битолскиот Универзитет Св. Климент Охридски доби студентско радио

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 15 февруари – Со одлуката на СРД да додели дозвола за локално непрофитно студентско радио во Битола, студентите од Универзитетот Св. Климент Охридски добиваат можност за подобрено информирање за настаните, што се случуваат во кампусот на овој универзитет.

(Фото: Универзитет Св. Климент Охридски, Битола)

По Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Универзитетот Гоце Делчев во Штип, ова е трета дозвола за непрофитно студентско радио, коешто нема да работи по комерцијален принцип и ќе служи исклучиво за задоволување на потребата за информирање на студентската популација.

Придонесот на оваа непрофитна радиодифузна установа е дотолку поголем, што е основа за јакнење на некомерцијалната страна на медиумскиот пејзаж во Македонија.



Accessibility

Accessibility