СКОПЈЕ, 1 март 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) одлучи да додели дозволи за отворање на шест радио станици на локално ниво. Во Гостивар ќе биде отворено едно музичко-говорно радио од општ формат на албански јазик.
По една дозвола е доделена за Струга и за Кичево за радио станици на македонски јазик. По една радио станица на албански јазик ќе започне со работа и во Куманово и Кичево. Во источниот дел на Македонија, во Кочани, доделена е една дозвола за радио станица на македонски јазик, која ќе емитува програма од информативен-општ формат.
(Фото: Плоштадот во центарот на Гостивар, СРД)