07.04.2010г. Успешна трансформација на јавното Радио Охрид во комерцијален медиум

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 7 април 2010 – Поранешното јавно локално Радио Охрид успешно се трансформираше во комерцијален радиодифузер со што ги исполни законските услови за Советот за радиодифузија (СРД) да му додели дозвола за комерцијално вршење радиодифузна дејност на локално ниво.

Обврската за трансформација и приватизација на поранешните 29 јавни локални радија потекнува од Законот за радиодифузната дејност од 2005 година (член 173), а задачата за јавно информирање целосно стана обврска на јавниот радиодифузен сервис – МРТ. СРД го надгледуваше и технички и финансиски им помагаше на локалните јавни радија побргу и полесно да го изведат процесот на трансформација во комерцијални или непрофитни радио-станици.



Accessibility

Accessibility