28.04.2010г. СРД организираше работилница за регионализацијата на радиодифузијата

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 28.04.2010 – Процесот на регионализација на радиодифузијата беше во фокусот на денешната работилница, што ја организираше Советот за радиодифузија, а на која учествуваа околу шеесетина претставници од локални и национални телевизии од цела Македонија, како и претставници од невладиниот сектор.

Претседателот на СРД, Зоран Стефаноски, одржа презентација за планот за воведување на регионализација на радиодифузијата и придобивките за електронските медиуми во однос на окрупнувањето на медиумскиот пазар. Потоа следуваше дискусија на која сите учесници имаа можност да ги дадат нивните предлози и сугестии.

Регионализацијата на радиодифузијата е предвидена во Националната стратегија за развој на радиодифузната дејност, во чиешто изготвување беа вклучени претставници на радиодифузерите, претставници од граѓанскиот сектор, странски и домашни експерти.

 

Презентацијата на СРД за регионализацијата можете да ја преземете овде во .pdf-формат.



Accessibility

Accessibility