23.07.2010г. Програмските пакети на кабелските оператори ставени на увид на јавноста на веб страницата на Советот за радиодифузија

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 23 јули 2010 – Советот за радиодифузија заради поефикасна заштита на авторските и сродните права, а за поголема транспарентност на програмите што се дозволени за реемитување на операторите на јавните комуникациски мрежи

(оператори на кабелска телевизија, оператори на дигитална земска телевизија, IPTV…), на веб страницата ги објави регистрираните пакети за кои операторите ги имаат уредено авторските права.

Советот за радиодифузија интензивно работи на санкционирање на оние оператори кои нелегално реемитуваат програмски содржини, за што имаше поплаки од многу граѓани, а реагираа и медиумски компании, чиишто канали незаконски се пренесуваа во Македонија.
СРД заедно со Државниот пазарен инспекторат, Координативното тело за интелектуална сопственост, Министерството за култура, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство,  засилено ќе ги мониторира програмските понуди на операторите, а можноста за нивно менување ќе биде условена со регулирани авторски и сродни права со домашните и странските радиодифузери.
Операторите на јавни комуникациски мрежи не смеат да го менуваат програмскиот пакет (да додаваат или  исклучуваат програмски сервиси) без претходно добиено одобрение на Советот. СРД го задржува правото по службена должност да повлече од пакетот програмски сервис, поради истечени права за негово реемитување, раскин на договор за реемитување или други правно оправдани причини.
Ваквиот пристап на Советот за радиодифузија ја афирмира Република Македонија како правна држава во која ќе бидат заштитени домашните и странските медиуми од нелегално реемитување. Заштитени ќе бидат и граѓаните, кои ќе имаат правна сигурност при стапувањето во договорен претплатнички однос со операторите.


Accessibility

Accessibility