11.08.2010г. Одземени дозволите за вршење радиодифузна дејност на три сателитски телевизии

СКОПЈЕ – 11 август, 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) им ги одзеде дозволите за вршење радиодифузна дејност на сателитските телевизии БМ, Зајди зајди и К-15 Минус.

СРД им ги одзеде дозволите на овие телевизии поради неплаќање на надоместокот за вршење радиодифузна дејност, што е предвиден во Законот за радиодифузната дејност. Според овој закон, сите радиодифузери се обврзани да го плаќаат овој надоместок, што се пресметува според формулата дадена во членот 60 од законот.


Accessibility

Accessibility