07.09.2010г. СРД ги заштитува ексклузивните права на радиодифузерите

СКОПЈЕ- 07 Септември, 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) ќе побара од сите радиодифузери навремено да го известуваат доколку емитуваат спортска или друг вид на програма со ексклузивни права, со цел да се спречи нејзино нелегално емитување преку операторите на  јавни комуникациски мрежи

(кабел, IPTV, DVB-T, DVB-S), пренесувајќи странски канали.  На овој начин СРД им излегува во пресрет на радиодифузерите за да ги заштити нивните ексклузивни права.

Исто така, СРД го утврди ребрендирањето на каналот Холмарк (Hallmark) во Универзал (Universal) и на каналот за возрасни XXX во Дарлинг (Darling).

СРД регистрираше  и 19 програмски пакети на операторите на јавни комуникациски мрежи.



Accessibility

Accessibility