13.09.2010г. 3D-телевизијата е хајлат на годинешниот Меѓународен конгрес за радиодифузија во Амстердам – IBC

Тридимензионалната телевизија (3D TV) е апсолутниот хајлајт на годинашниот Конгрес за радиодифузија во Амстердам (IBC). На саемскиот конгрес, што го посетија 45.000 лица од преку 140 земји со 1.400 излагачи, а на кој со свој претставник учествуваше и СРД, доминираше впечатокот дека телевизијата со висока резолуција (HDTV) полека „застарува“,

па врвните производители на ТВ и филмска опрема се ориентираат на нов пазар и се разбира нов извор на приходи, а тоа е 3D TV. Масовно се произведуваат камери и останата студиска опрема за новата тридимензионална телевизија, а продукцијата на филмски содржини доживува нов бум.

 

Што е 3D-телевизија?

(Слика 1. Штандот на Panasonic: Посетителите на IBC имаа можност да ги тестираат 3D – телевизорите на Panasonic)
Зад паметната технологија што се крие зад 3D-екраните се кријат всушност два HD-канали и процесор којшто прави тридимензионална слика. 3D-камерите имаат две оптички леќи и обично се две камери сраснати во една. Но, сепак при енкодирањето на сликата страда хоризонталната резолуција, така што не може да се каже дека имаме FullHD во три димензии. Проблеми со резолуцијата би се јавиле и при прикажувањето на 3D-содржините, наменети за кино-екрани на 42-инчни LCD-приемници. Но, како и да е трендот се чини незапирлив, а вакви ТВ-приемници се’ повеќе и повеќе се продаваат на пазарот.
Ова секако е не баш пријатна информација за сите оние кои неодамна купиле HDTV приемници, зашто новата технологија на прикажување на 3D-содржините бара посебна терминална опрема со ознаката 3D-Ready.
Европа го доби првиот 3D – ТВ канал

Но, ни создавачите на содржини не заостануваат: така на пример од  1 октомври официјалано британската телевизија BSkyB започнува со емитување во 3D и тоа најмногу филмови, забавни содржини и спортски настани. 3D-програмите ќе им бидат достапни на сите претплатници на BskyB, коишто имаат купено 3D Ready – ТВ приемници, така што нема да биде потребен посебен сет-топ-бокс. Од BskyB потврдија дека нивната програма ќе биде компатибилна со сите 3D-приемници од производителите Sony, Samsung, LG и Panasonic, а ќе работи и со двата 3D-формати: активен и пасивен.
(Слика 2 .  3D – камерата има две HD-леќи, сместени во поширок објектив)


Accessibility

Accessibility