04.10.2010г. СРД е изнeнаден од самоволниот потег на ТВА1 за целосен прекин на програмата

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 4 октомври 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) е изненаден од постапката на Телевизијата А1 да престане да емитува програма, повикувајќи се на претходна одлука на СРД. Споменатата мерка на којашто се повикува ТВА1 е изречена за време на предизборен период поради прекршување на Законот за радиодифузната дејност во однос на надминување на лимитот за рекламирање во програмата на оваа телевизија.

Поради тоа, согласно законските казнени мерки, тогаш СРД и’ наложи на ТВ А1 во текот на еден ден да не емитува реклами и телешопинг и затоа СРД смета дека сегашниот целосен прекин на програмата е самоволен потег на оваа телевизија и е отворена провокација. СРД има изречено повеќе вакви мерки и на други радиодифузери.

Што се однесува до платеното политичко рекламирање за што деновиве реагираа граѓаните, СРД  уште еднаш ги потсетува и ги предупредува сите радиодифузери стриктно да се придржуваат на одредбите од Законот за радиодифузната дејност (ЗРД) и подзаконските акти и да не дозволат во политичкото рекламирање да има учество и прикажување на малолетници ниту какви било форми во кои не се почитува човечкото достоинство.

СРД во наредниот период ќе ги презема сите законски мерки кои му се на располагање во санкцонирање на сите прекршувања на ЗРД.



Accessibility

Accessibility